Фрлена димна бомба во косовскиот парламен

Во текот на денешната седница на косовското собрание, каде веќе два дена трае расправата за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора, опозицијата фрли димни бомби, по што седницата е прекината, пренесува порталот „Косова прес“.

Во меѓувреме партеничката група на Српската листа потврди дека нејзините пратеници нема да присуствуваат на денешното продолжение на седницата.

На заседанието нема да присуствува ниту пратеникот од оваа пратеничка група, Адем Хоџа од Единствената горанска партија, за кого владејачкото мнозинство беше сигурно дека ќе го даде потребниот 80-ти глас за демаркација на договорот.