
На 08.08.2021 во 03:34 часот во СВР Скопје, С.С.(40) од с.Батинци, скопско, пријавил дека во 03:10 часот две лица фрлиле експлозивна направа во неговиот двор од куќа во с.Батици, која експлодирала.
Според пријавеното, повредени лица нема, а биле оштетени дел од фасадата на куќата, дел од оградата и паркирано патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.