Советот на Европската унија во четврток одлучи да потпише договор со Србија за оперативни активности со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс), што ќе го замени договорот за статусот кој сега е на сила.
Договорот ќе овозможи организирање на заеднички операции на Фронтекс и српската гранична служба, распоредување на тимови на Фронтекс за управување со границите во Србија. Исто така, ќе и овозможи на Фронтекс да и помогне на Србија во управувањето со миграциските текови, борбата против илегалната миграција и прекуграничниот криминал.
Новиот договор ќе го замени сегашниот договор за статусот меѓу Србија и Европската унија, кој се заснова на старата регулатива на Фронтекс и дозволува заеднички операции само на границите на Србија со Европската унија. Според новата регулатива од 2019 година, Фронтекс може да им помогне на земјите со кои има склучено договор низ нивната територија и може да има овластувања за спроведување, како што се гранични проверки и регистрација на лица.
Фронтекс денес склучи договори за соработка во управувањето со границите со Молдавија, Македонија, Црна Гора и Албанија.
По потпишувањето, договорот мора да биде ратификуван во Србија и во Европската унија.