ФРОНТЕКС: Од април намален е мигрантскиот бран кон Европа

По потпишувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција за запирање на бегалскиот бран преку Егејско Море од април регистрирано е намалување на бројот на илегални мигранти кои влегле во Европа, соопшти денеска Европската гранична служба ФРОНТЕКС.

– За првите шест месеци од 2016 годин а имало 360.000 илегални влегување во ЕУ, што е повеќе во однос на 2015 година, но од април забележено е намалување на мигрантскиот бран, изјави директорот на ФРОНТЕКС, Фабрис Леџери за француското радио „Европа 1“.

Тој додаде дека сега Италија, наместо Грција, е основната влезна точка и поголемиот број мигранти тргнуваат кон Европа од Либија.

Леџери додаде дека во Италија секојдневно пристигнуваат околу 750 додека во Грција околу 50 луѓе.