Фронтекс: Во првата половина од годината илегалната имиграција во ЕУ зголемена за 10 отсто

Илегалната имиграција во Европска Унија е зголемена за 10 отсто во првата половина на 2023 година во споредба со истиот период минатата година. Најголем дел од пристигнувањата се по медитеранските рути, соопшти Фронтекс.

Според Фронтекс, од почетокот на годината до крајот на јуни имало 132.370 обиди за влез на територијата на ЕУ надвор од редовните гранични премини, што е за 10 отсто повеќе од истиот период минатата година.

Во извештајот на Фронтекс се наведува дека премините кон централниот Медитеран се зголемиле за повеќе од една третина и сочинуваат половина од вкупниот број, бидејќи има пораст на пристигнувања од Тунис во Италија.

Нелегалниот шверц на мигранти на сите други рути кон ЕУ е намален во споредба со првите шест месеци од 2022 година.