Пред обвинителката Русковска и денес ќе се даваат искази за судскиот процес „Рекет2“.
Според обвинителството денеска со исказ треба да излезе и Фросина Ременски, која и по вчерашното вршење увид во доказите, кажа дека видела се освен докази.
Ременски децидна дека на ниту еден документ од Меѓународниот сојуз нема нејзин потпис.
Јасна Мандиќ која е во домашен притвор вчера прва даваше исказ во истрагата за перење пари и измами и примила решение дека истрагата е завршена.
Следни на листата за распит до петок кога и истите би требало да завршат, се таткото на првоосомничениот во Рекет Боки13, Миле Јовановски како и неговата асистентка Христина Блажевска.