Фросиноне третпат во историјата избори пласман во Серија А

Фудбалерите на Фросиноне по третпат во клупската историја изборија пласман во првата италијанска лига, откако во понеделникот вечерта на домашен терен ја совладаа Реџина со 3:1 (2:0) во натпреварот од 35-то коло од Серија Б, со што станува недостижен за третопласираниот Бари на три кола пред крајот.

Фросиноне дојде во водство со голот на Џенаро Борели во 31 минута, а го удвои Роберто Инсиње од пенал во 42 минути, кога поради прекршокот беше исклучен гостинскиот бек Тијаго Сионек. Реџина, и покрај играчки ослабена успеа да намали на 1:2 на почетокот од вториот дел во 51 минута преку Ернани, но веќе во 56 минута Џузепе Касо ги постави конечните 3:1

Директен пласман во Серија А за следната сезона ќе остварат двете првопласирани екипи од Серија Б, додека во дополнителни квалификации ќе одат екипите кои ќе завршат меѓу третото и шестото место во лигата.

Фросиноне со победата против Реџина дојде до 71 бод, додека Бари ремизираше 1:1 против Читадела претходно во понеделникот.

Втората Џенова која има 67 бода, исто, така, е во добра позиција за враќање во Серија А.

Фросиноне одигра досега само две сезони во елитното друштво, првата во 2015/16 година по што следеше експресно враќање во втората лига, а второто во 2018/19 година, коешто исто така беше неуспешно.