![старлета Фудбалер ја расекол српската старлета Сораја по стомакот и вратот](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/06/starleta.jpg?resize=640%2C351&ssl=1)
Фудбалерот Стефан Михајловиќ ноќтта помеѓу вторникот и средата, со нож ја расекол Сораја Вучелиќ по стомакот и вратот.
Сораја со Стефан и пријателките била излезена на белградскиот сплав „Фристајлер“, а потоа го продолжиле дружењето во вилата на поранешниот фудбалел на „Црвена звезда“, пренесува „Блиц“.
Проблемот се јавил кога Сораја одлучила да оди дома, а Сефан не и дозволувал. Тој извадил нож и почнал да замавнува со него. Инцидентот завршил со посекотини на телото на Сораја на стомакот и на вратот.
„Точно е дека завршив во Ургентниот центар, но тој тоа не го стори намерно“, кажала таа за „Блиц“.