Дефанзивецот на грчкиот фудбалски великан Панатинаикос, Англичанецот Џорџ Балдок е пронајден мртов во базенот од неговата куќа во Глифада, јужно од Атина, јавуваат грчките медиуми.
Причините за смртта на 31-годишниот фудбалер на „зелените“ сѐ уште не се разјаснети, а прелиминарните информации велат дека тој бил пронајден во бессознание во базенот од неговата куќа во Глифада.
Грчките медиуми јавуваат дека Болдок со часови го барала неговата сопруга, која е со нивното дете во Англија, но не успеала да го лоцира. Таа го контактирала сопственикот на куќата, кој пристигнал на местото на настанот и наводно го пронашол фудбалерот во бессознание во базенот.
Искусниот дефанзивец речиси целата своја кариера ја мина во Англија, настапувајќи за МК Донс, Нортемптон, Тамворт, Оксфорд Јунајтед и Шефилд Јунајтед, а летово се пресели во Панатинаикос.
Балдок има грчко потекло преку неговата баба и го имаше своето деби за Грција во победата со 1:0 против Северна Ирска на „Парк Виндзор“ во Белфаст во јуни 2022 година. Вкупно за грчката селекција забележа 12 настапи.
За Пао впиша четири настапи, а последниот беше во неделата на дербито против Олимпијакос каде играше како стартер.