![ijaji amveien](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/ijaji-amveien.jpeg?resize=612%2C408&ssl=1)
Поради сомневања дека силувал девојка притворен е 23-годишниот фидбалер на загрепски Динамо, Ијаји Атемвен, потврдиле од загрепската полиција без да ги откриваат идентитетите на осомничениот и на жртвата, пишуваат во четвртокот хрватските медиуми.
Полицијата потврдила дека спровела криминалистичка истрага над „23-годишен нигериски државјанин поради сомневање за сторено кривично дело силување“. Додал дека по завршената истражна постапка осомничениот е предаден во притвор, додека кривичната пријава е доставена до надлежното државно обвинителство.
„Имајќи предвид дека станува збор за кривично дело против половата слобода, а сѐ со цел да се заштитат правата и достоинството на жртвата, односно секундарна виктимизација“, од полицијата рекле дека не можат да изнесуваат поединости од случајот.
Телевизијата RTL објави дека фудбалерот е приведен поради напад на девојка од Велика Горица, крај Загреб, која своето сведочење го раскажала во една од нивните информативни емисии. Потсетуваат и дека приватната тужба против Атиемвен поради насилство неодамна поднела и неговата поранешна девојка Ива Бошњак.
Атиемвен во јануари стаса во Динамо од новиот прволигаш Горица, каде што во 30 натрпевари постигна 12 голови. Пред доаѓањето во Хрватска играл за турските клубови Кајсериспор и Ризеспор.