Фудбaлер убиен, друг ранет во пукање на натпревар во Марсеј

Триесетгодишен фудбалер е смртно застрелан а негов соигреч е тешко ранет во текот на фудналски натпревар игран во петокот вечерта во Марсеј, објавија радиото France Bleu и локалниот весник La Provence.

Инцидентот се случил во текот на дуелот на марсејските стадиони „Ла Мартен“ во рамките на популарен локален Атурнир, изјави градоначалничката на 15-от арондисман, Надија Биленсер, веројатно станува збор за играчи од тимот на Малпасе.

Според потврдата на провинцијата Прованса, жртвата починала на самото место на фудбалскиот натпревар, додека вториот мажќ бил истовремено тешко ранет.

Агенцијата France Presse објави дека имало неколку напаѓачи. Според агенцијата, сторителите пристигнале на стадионот со автомобил и отвориле оган кон двајцата играчи. Автомобилот е пронајден изгорен на неколку стотици метри оддалеченост, пишува весникот.

По истрелите на стадионот настанал метеж и играчите и гледачите бегале во паника. Засега нема информации за идентитетот на настраданите, како и за евентуалните мотиви за нападот.