Во период кога во Јужна Америка се одржува континенталното натпреварување Копа Америка, пристигнува вест и за сериозен инцидент, но од Аргентина, каде што за време на натпреварот меѓу Феро и Тиро Федерал, главниот судија бил нокаутиран и завршил во болница.
За време на натпреварот, Алесандро Ронкалија, инаку брат на аргентинскиот репрезентативец и член на Џенова, Факудо Ронкалија, откако добил жолт картон го нокаутирал судијата Арнолд Берона, кој како покосен паднал на теренот и се онесвестил. Откако му била укажана прва помош, Берона веднаш бил префрлен во најблиската амбуланта, а за среќа минал без посериозни последици.