Кристијано Роналдо имаше жестока реакција кон Бенитез, Герет Бејл одби да ги послуша неговите совети на дуелот со Вилјареал, а потоа “кралевите” не поканиле ниту еден член на стручниот штаб за време на нивното дружење.
Тоа јасно покажува дека Бенитез ја загубил довербата и дека најверојатно Зинедин Зидан многу брзо ќе го наследи неговото место на клупата на “Сантијаго Бернабеу”.
Реал Мадрид има уште два меча до крајот на 2016 година, а секој нареден “кик” ќе значи и речиси сигурно заминување за Рафа Бенитез.
“Кралскиот клуб” претстојниот викенд ќе игра со Рајо Валјекано, а потоа следи дуелот со Реал Сосиедад.