Фудбалерите на Реал не реализираа ниеден пенал сезонава

Фудбалерите на Реал Мадрид ги промашија сите четири досудени пенали во нивна полза оваа сезона, а тренерот на Мадрид, Карло Анчелоти нема објаснување за тоа и испробува повеќе играчи.

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ промаши пенал во 45. минута од натпреварот од Лигата на шампионите против Унион Берлин во вторникот, но „Кралскиот клуб“ се врати во Мадрид со победа од 3:2.

„Навистина е многу тешко да се каже зошто промашуваме пенали“, изјави Анчелоти на прес-конференција. „Лука обично е ладен и ги реализира секој пат. Тоа не е нешто што е лесно да се вежба, бидејќи атмосферата е студена за време на тренингот“, додаде тој.

Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор промаши најстрога казна во текот на летниот подготвителен перио против Барселона, а потоа другите двајца напаѓачи промашија во текот на првенството, Родриго против Селта а Хоселу против Осасуна.

„Се обидуваме со Белингем, Родриго, Винисиус, Хоселу… Не знам што да кажам, се надевам дека тоа ќе се промени“, изјави Анчелоти.

Минатата сезона пенали изведе напаѓачот Карим Бензема, но откако тој го напушти клубот се отвори прашањето за нов изведувач.

Модриќ кој изведува пенали за хрватската репрезентација го одигра целиот натпревар во Берлин. Реал Мадрид со сите шест победи во групата се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите, а во шпанското првенство е на второто место зад Жирона.