На плоштадот „Македонија“ во Скопје пристигнаа македонските фудбалери.
Поради ковид-протоколите на УЕФА само неколкумина од фудбалерите ги поздравија навивачите кои беа на плоштадот.
УЕФА не дозволува групирање на фудбалерите со луѓе надвор од тимот, а пред Македонија е и мечот со Португалија, па во моментов најважно е играчите да се здрави и одморни.
Капитенот Стефан Ристовски ги поздрави навивачите, им се заблагодари за поддршката и вети дека ќе дадат максимум против Португалија.