Турската јавност, особено спортската, е шокирана од развојот на настаните во кои дефанзивецот на нисколигашот Бурсаспор, Сехер Токташ, призна дека го убил својот петгодишен син.
Таткото на 23-ти април бил хоспитализиран со дете на кое му бил дијагностициран коронавирус. Момчето било пренесено на интензивна нега поради симптомите на Covid-19, а починало два часа подоцна во присуство на неговиот татко. Лекарите дознале дека смртта на детето настанала по тешка респираторна компликација, што е типичен знак на коронавирус.
Сепак, вистината е грозоморна, откако 11 дена подоцна Токташ се пријавил во полициската станица и раскажал како го задавил детето.
„Ставив перница на лицето на син ми кога лежеше на грб. Ја притиснав перницата без да ја кренам 15 минути додека мојот син се бореше за живот. Кога престана да дише, ја подигнав перницата. Потоа ги викнав на лекарите да ми помогнат за да отфрлам било какво сомневање“, призна фудбалерот
Потоа во признанието дава уште пошоканта изјава.
„Никогаш не сум го засакал мојот најмал син, уште од неговото раѓање. Не знам зошто не го сакав. Единствената причина зошто го убив е затоа што не го сакав, но немам ментални проблеми“, рекол фудбалерот.
Триесет иедно годишниот Токташ веднаш заврши зад решетки и му се суди за доживотен затвор.