Фудбалската асоцијација на Англија не најде елементи за истрага против Мурињо

Мурињо помина неказнет од Англиската фудбалска асоцијација

Инцидентот се случи во мечот од првото коло на Премиер лигата кога Челзи беше домаќин на Свонси и киксираше, играјќи нерешено 2:2.

Во последните моменти, кога имаше надеж дека лондонскиот тим може да дојде до другите два бода, Азар се повреди и Карнеиро истрча на теренот да му укаже помош. Но, тоа не му се допадна на Мурињо кој сметаше дека на Белгиецот не му е ништо и дека Челзи само губи време, па ја опцу докторката.

Веднаш по мечот, таа доби и суспензија, а пред десетина дена го напушти Челзи со најава за тужба против клубот. Сепак, Фудбалската асоцијација на Англија не најде елементи за истрага против Мурињо и тој ќе продолжи да си ја извршува својата работа.

Ако беше прогласен за виновен, му се закануваше суспензија од пет натпревари.