
Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години ја победи во вторникот соодветната селекција на Црна Гора во рамките на првата контролна средба.
На тренинг центарот „Петар Милошевски “, во Скопје нашите фудбалери одиграа добар натпревар и сосема заслужено славеа победа со 2:0.
Во првите 45 минути младите македонски фудбалери пропуштија неколку добри прилики за постигнување погодок, а отпорот на противникот го скршија во второто полувреме.
Во 54 минута, за избраниците на селекторот Влатко Гроздановски, сигурен од белата точка беше Грегори Давков. За конечните 2:0 заслужен беше Фета Бехар кој погоди во 69 минута.
Вториот контролен натпревар е закажан во четврток, на 15. април со почеток од 11 часот.