Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа пред нов голем предизвик, на 24-ти март во Палермо ѝ гостува на Италија во плејофот за пласман на светското првенство во Катар
Адис Јаховиќ отпадна од првичниот список на Боби Милевски, а на негово место е повикан Ердон Даци од екипата на Вестерло од Белгија.
Собирот на репрезентивците е закажан за вечерва во 20 часот, а првиот тренинг ќе го има во понеделник од 17 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“, додека на пат за Палермо се тргнува во вторник во попладневните часови.