Мурта, кој е полицаец по струка и поседува дозвола за носење на огнено оружје го носел пиштолот во себе за да го искористи во самоодбрана ако некој го нападне, а токму и тоа се случило на аматерскиот меч меѓу Брумандињо и Амантес да Бола.
Бразилскиот судија при една мешаница ненадејно бил удрен од страна на гостински фудбалер кој бил револтиран од неговите одлуки, по што тој решил веднаш да го извади пиштолот. Но, за среќа навремено реагира неговиот линиски колега, па бил избегнат поголем инцидент.