Новиот сопственик на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко откри дека најкасно до 1 февруари ќе го претстави новиот тренер и ќе открие новиот состав на клупското раководство.
„Оставете ми простор од уште една недела. Мислам дека до 1. февруари ќе биде претставен новиот тренер на ФК Вардар. Во секој случај, знам дека сега сме во ситуација што е можно побрзо да делуваме за да Вардар биде подготвен за стартот на нториот дел од сезоната”, изјави Самсоненко.
Освен дека се е договорено кога се во прашање веќе најавените трансфери на Филип Ивановски и Илчо Наумовски, Самсоненко потврди дека Вардар е во потрага по нов централен дефанзивец.
„Треба да дојде уште еден стопер. но се додека не го договориме и тој трансфер, јас нема да кажам за кој фудбалер станува збор. Планираме уште едно засилување, но мора и да признаеме дека не притиска крајот на зимскиот преоден рок. Во Македонија истиот трае до 11 февруари но во Европа до 1 февруари. Мала е веројатноста дека ќе бидеме сведоци на некој спектакураен трансфер”, изјави Самсоненко.