Фудбалскиот сојуз на БиХ прифати пријателски меч со Русија

Водството на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина прифатил во петокот одигрување на пријателски натпревар меѓу селекцијата на оваа земја и репрезентацијата на Русија, што предизвика политички протести особено поради тоа што руските екипи и спортисти и национални селекции не можат да учествуваат на натпреварувања поради војната во Украина.

Комисијата за итност на Фудбалскиот сојуз на БиХ ја прифатил поканата на руската федерација за одигрување пријателски натпревар во ноември годинава во Санкт Петербург.

На официјалната веб-страница на сојузот само се наведени техничките детали за одигрувањето на пријателскиот натпревар против „селекцијата на Русија која на ФИФА ранг-листата се наоѓа на 35-то место“.

Фудбалската федерација на Русија поканата за одигрувањето на натпреварот ја испратила уште минатата седмица.

Како што наведуваат од Фудбалскиот сојуз на БиХ поради тоа упатил прашање до Европската фудбалска федерација (УЕФА) која не се противела на одигрувањето на овој меч, бидејќи за тоа нема надлежност.

Откако меѓународната заедница ја прогласи Русија агресор врз Украина, руските спортисти, клубови и селекции се најдоа под санкции, вклучително и на УЕФА и ФИФА, и не можат да учествуваат на натпреварувањата кои тие го организираат.

Покрај со Русија, репрезентацијата на БиХ есенва ќе игра пријателски натпревар и со Иран и со Киргистан.

Наша партија, која има седиште во Сараево, остро ја осуди одлуката на Фудбалскиот сојуз на БиХ. Се закани дека сите негови функционери ќе ги смени по следните парламентарни избори, иако за тоа немаат никакви надлежности.

„Доколку решат да го играат тој натпревар, на водството на Фудбалскиот сојуз му порачуваме дека тоа е и крајот на нивните кариери. За тоа ќе се погрижиме по октомври“, наведуваат од Наша партија.