Фудбалските клубови потрошиле рекордни 9,63 милијарди долари на меѓународни трансфери во 2023-та

Фудбалските клубови ширум светот потрошиле рекордни 9,63 милијарди долари на меѓународни трансфери во минатата 2023 година, што е зголемување од речиси 50 отсто во споредба со претходната 2022 година, објави Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) во нејзиниот извештај за глобален трансфер објавен во вторникот.

ФИФА во вторникот го објави Глобалниот извештај за трансфери за 2023 година, при што беа направени рекордни 74.836 меѓународни трансфери. Од тој број, 23.689 (31,7 отсто) трансфери вклучуваат професионални фудбалери, додека останатите 51.147 трансфери се однесуваат на аматерскиот фудбал.

По падот на трошоците во 2020 и 2021 година поради пандемијата ковид-19, клубовите потрошија рекордно висока сума за меѓународни трансфери во 2023 година, 9,63 милијарди долари, што претставува зголемување од 48,1 отсто во споредба со 2022 година и за две милијарди долари повеќе од досега рекордна 2019 година.

Само првите десет трансфери генерирале повеќе од 10 отсто од вкупниот износ потрошен за такси за трансфери во 2023 година. Слично на тоа, од 3.279 трансфери кои вклучија такси, а на првите 100 отпаѓаат повеќе од 45 проценти од сумите потрошени за надоместоците за трансферите, со тоа што англиските клубови повторно се на врвот на листата со 2,96 милијарди долари.

Француските клубови потрошил 991 милион долари, германските 850 милиони, италијанските 757, а шпанските 469 милиони евра.

„Клубовите од Саудиска Арабија првпат се меѓу првите пет потрошувачи со вкупен трошок од 970 милиони долари во 2023 година, во споредба со 50,4 милиони долари во 2022 година“, соопшти ФИФА.

Од поединечните клубови, Челзи, ПСЖ, Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн се на врвот според потрошени средства за засилувања. Најголеми трансфери беа трансферот на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд во Реал Мадрид, Енцо Фернандез од Бенфика во Челзи и Хари Кејн од Тотенхем во Баерн Минхен.

Како и во претходната година, португалските клубови направиле повеќе дојдовни трансфери од клубовите од која и да е друга национална федерација (1.017). Од друга страна, најмногу играчи си заминале од бразилските клубови (1.217).

Импресивен е и растот на женскиот фудбал, со 20 отсто зголемување на трансферите минатата година. Бројот на клубови вклучени во меѓународни трансфери, исто така, се зголемил од 507 во 2022 година на 623 во 2023 година, што претставува зголемување од 22,9 проценти.

Интересни се и бројките поврзани со аматерскиот фудбал. Минатата година повеќе од 50.000 играчи аматери се преселиле преку границите. Глобалниот досег на аматерскиот фудбал е запрепастувачки, бидејќи 207 од 211 асоцијации членки на ФИФА биле вклучени во најмалку еден аматерски трансфер минатата година. Најмногу дојдовни аматерски трансфери имало во Германија, вкупно 7.825.