
Државниот обвинител Љубомир Јовески во средата откри дека обвинителството отвори нов случај поврзан со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски или „Боки 13“, во кој се осомничени се пет лица од кои едно е функционер, а постапка се води и против едно правно лице.
Според Јовески, се гонат за кривични дела перење пари, измама и помагање.
„Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт“, се наведува во соопштението на Обвинителството.