По неодамнешните судири во редовите на владејачката Демократската унија за интеграција (ДУИ), кои произлегоа поради трансформацијата на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор и одлуката партијата да го поддржи кандидатот за претседател на коалицискиот партнер СДСМ , Стево Пендаровски, се чини дека предизвика функционерите на оваа партија отворено да се спротистават на одлуките на партискиот врв.
Една од најмаркантните вакви појави е, истапот на поранешниот вицепремиер Хазби Лика, пишува порталот albanews24.
Изданието пишува, повикувајќи се на извори блиски до Лика кои сакале да останат анонимни, дека тие истакнуваат оти поранешниот вицепремиер го подготвува теренот за да не се гласа Стево Пендаровски за претседател на државата, и истовремено агитираат да гласаат за албанскиот кандидат, Блерим Река.
Останува во наредните дена да видиме дали и јавно за ова ќе се изјасни Лика, пишува порталот.