Функционери на СДСМ регистрирале фантомска НВО во полукарабина и добиле 25.000 евра од СОРОС, објави Сител.
Истражувајќи ја мрежата составена од 40-на условно кажани НВО сите финансирани од СОРОС, Сител дојде до информации за тоа како функционира подземното политичко делување и како сите заедно креираат слика за некаков невладин сектор, а во суштина одработуваат за СДСМ.
До каде оди целата оваа операција и како некои функционери на СДСМ се богатат и добиваат сериозни пари од СОРОС, додека искрените поддржувачи на оваа партија активно се вклучени низ органите на оваа партија без никаков надомест.
Во навидум обичната куќа која се наоѓа на Ул„Црноречка“ бр: 27 во Кавадарци сместена е фирма која што е регистрирана само со една цел: ДА ПРИМА ПАРИ ОД СОРОС. Во приземјето живеат луѓе. Тоа е обична семејна куќа. Ниту трага и глас од некакви канцеларии и најинтересно од се е фактот што до пред некој период оваа семејна куќа била карабина. Куќата е центарот на политичкото подземје на СОРОС во Кавадарци, каде што фондацијата има вложено десетици илјади евра, јавува Сител.
Ненад Јовановиќ-функционер на кавадаречкото СДСМ, Сашко Петров-советник на СДСМ во општина Кавадарци и Зоран Бањански- советник на СДСМ во Кавадарци, наменски на оваа адреса, во куќа која што во тој период била карабина, во 2012. година ја основале НВО „Проект ЕУ’.
Карабина била седиште на „Проект ЕУ“
Проверката во Централниот регистар, како што пренесува Сител, покажала дека до пред 5 месеци оваа карабина била седиште на „Проект ЕУ’. Но, од непознати причини организацијата повторно фиктивно се пререгистрирала на адреса на друга семејна куќа на ул „Ленинова“ во Кавадарци.
Овие функционери на СДСМ преку организацијата која што ја основале за помалку од 2 години, од 2012-2014 година според извештаите на СОРОС добиле, 25.000 евра, информира Сител.
Зошто на овие функционери на СДСМ, во период од само 2 години, СОРОС им исплаќа износ од 25.000 со што овие тројца функционери одработиле за СДСМ и СОРОС за да ја добијат оваа сума, прашува Сител.
Што ли платил СОРОС за 25.000 евра? Тоа ќе го покаже времето.
Бидејќи извештајот за 2015 година се уште не е објавен, можеме само да претпоставиме колкав износ СОРОС им платил на Сашко, Зоран и Ненад, преку „Проект ЕУ“ и кои се мотивите за најновите исплати.
Граѓаните на Кавадарци не слушнале за Проект ЕУ
Инаку, граѓаните на Кавадарци никогаш не слушнале за организацијата „Проект ЕУ“ ниту пак за некои нејзини активности. Со чудење реагираа кога ги прашувавме дали слушнале за оваа организација. А соседите на двете куќи во кои фиктивно е регистрирана истата не знаеле дека таму има било каква организација.
Со ова дефинитивно се докажува дека тројцата функционери на СДСМ основале фиктивна организација за да преку неа добијат пари од СОРОС, информира телевизија.
Организацијата „Проект ЕУ“, како што информира Сител, е уште еден доказ за вмреженоста на Фондацијата СОРОС, уште еден доказ дека се финансираат функционери на СДСМ преку СОРОС и дека со оваа и сличните организации , СОРОС и неговата мрежа докажаа дека се се’, освен граѓански сектор.
Според нашите информации вакви организации се регистрирани и на фиктивни адреси низ цела Македонија. Сите тие се формирани само, и само со една единствена цел:ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ ДА ПРИМААТ ПАРИ ОД СОРОС.