Американски функционери, кои зборувале под услов да останат анинимни, потврдиле дека рускиот воен товарен авион „Ил-76“ со украински затвореници бил соборен со проектил истрелан од противвоздушниот систем „Patriot“ од американско производство, пишува весникот The New York Times.
„Американските функционери јавно не коментираат со што точно бил соборен авионот, но официјални лица во приватни разговори под услов да останат анонимни, изјавија дека се точни извештаите дека е користена ракета Patriot“, пишува американскиот весник.
Приота соговорниците на весникот не го потврдиле идентитетот на лицата кои биле во авионот, за кои Москва тврди дека биле украински воени заробеници, кои биле превезувани на договорена размена. Изворите на NYT појаснуваат дека системот „Patriot“ од кој бил гаѓан авиони, на Украина ѝ го испорачала некоја европска земја, но не прецизираат која и на што ги темелат своите тврдења.
На 24-ти јануари, како што тврди руската војска, украинските вооружени сили соборија воен транспортен авион „Ил-76“ на руските воздухопловни сили над регионот Белгород, во кој 65 украински затвореници летаа за размена. Сите тие, како и тројца руски офицери и шест членови на екипажот, загинаа.
Украинските власти и медиуми во прв момент триумфално објавија дека собориле руски авион кој наводно носел проектили за противвоздушните системи „С-300“, но откако стана јасно дека станува збор за еден од трите транспоретни авиона, овој со вкупно 74 луѓе од кои 65 украински војници транспоретирани на договрена размена на воени заробеници, таквите информации беа повлечени.
Досега од Киев официјално ниту го потврдија, ниту го отфрлија соборувањето на авионот и бараат докази кој бил во него. Од друга страна, Москва понуди споредба на ДНК материјали за утврдување на идентитетот на жртвите.
Според верзијата на руската истрага, украинската војска го нападнала авионот со два проектила од областа Липци, во регионот Харков. Истрагата покажака дека станува збор за противвоздушни наведувани ракети „МИМ-104А“ од комплексот „Patriot“.
Рускиот претседател Владимир Путин го нарече инцидентот злосторство на Киев врз сопствените граѓани. Според него, украинската страна знаела дека во „Ил-76“ има воени заробеници од Вооружените сили на Украина, и сепак го нападнала – или од невнимание или намерно.
Путин рече дека и Русија инсистира на истрага, но сѐ уште за тоа нема заинтресираност од меѓународни организации.