Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, како УМС Аеродром оваа недела земавме активно учество во реализација на иницијативата од страна на Градскиот Комитет на УМС под мотото ,,Донирај – подари радост!”
Од мое лично име и од името на сите членови на УМС Аеродром, сакам да искажам особена благодарност најпрво до сите граѓани на Аеродром кои со својата донација дадоа свој придонес за поддршка и помош на социјално најранливите категории на граѓани, објави Иван Левковски на фејсбук.
Исто така сакам да им се заблагодарам и на сите носители на јавни и партиски функции кои се приклучија на оваа акција.
Среќни новогодишни и божиќни празници.