
Зошто овој фустан стана вистински хит на интернет? Австралиската блогерка Сем, само сакала да се пофали со нејзиниот нов фустан на социјалните мрежи.
Но, дали можете да претпоставите каква била првата реакција на сите што ја виделе фотографијата. Никој не гледал во ништо друго, освен во принтот, што некако премногу ги потсетувал на женскиот полов орган.
По објавувањето на фотографијата, таа добила одговор и од друга жена што исто така купила фустан со истиот „вагина принт“, а следела и лавина од коментари од други луѓе, па така овој фустан стана вистински хит.
Кога сфатила дека повеќе никогаш нема да може да го облече овој фустан Сем го вратила и си ги земала парите назад.
Во моментот кога го враќала фустанот во бутикот, една од продавачките ја препознала од фотографијата на постот. Според коментарот досега многумина прво му се израдувале на фустанот, па потоа го вратиле.