Футсал селекцијата на Македонија извлече бод кај Србија

Македонската футсал репрезентација одигра 1:1 на гостувањето кај Србија во третот  коло од квалификациите за Европското првенство во 2022.

Македонија со бод се враќа од гостувањето кај Србија во квалификациите за пласман на Европското првенство кое треба да се одржи во Холандија. Футсалците се изборија за реми против фаворитот, а голема заслуга за ова има голманот Петровски.

Пршиќ во 4 минута донесе водство за Србија но Крстевски шест минути подоцна погоди за 1:1. Домаќините комплетно доминираа во продолжението, упатија дури 30 удари од кои 13 во рамките на голот но Петровски правеше чуда и не дозволи да биде совладан по вторпат.

Македонија за четири дена има нова пресметка со Србија, овој пат ние сме домаќини во арената „Јане Сандански“.