![stefan-gg-696x358](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/stefan-gg-696x358.jpg?resize=696%2C358&ssl=1)
Имаме надеж дека ќе им одолееме на оние што ја оспоруваат вистината за нашето македонско вековно постоење, истакна во велигденското обраќање до верниците Архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан.
Имаме надеж дека ќе одолееме на сите напади од оние кои што ја оспоруваат вистината за нашето македонско вековно постоење и за нашата народна и културна посебност, а во ова и вакво време со сите светски искушенија по мирот и просперитетот. Со нашето богољубие и човекољубие да се покажеме достојни сведоци на воскресението и вистински последователи на Христа воскреснатиот, на миротворецот кој ги измири небото и земјата. Поздравувајќи ве во Христа воскреснатиот возљубени чеда на мајката Македонска црква и вас во татковината и вас раселените по светот ви посакуваме велигденската да ви биде постојана радост“, порача поглаварот на МПЦ Охридска архиепископија г. г. Стефан.