
Челниците на земјите од групата Г20 ќе принзаа овој викенд дека се потребни итни чекоро за да се одржи целта за ограничување на глобалното загревање до 1,5 Целзиусов степен, произлегува од нацртот на заедничката изјава во кој увид имала агенцијата Reuters,.
„Се обврзуваме да се фатиме во костец со егзистенцијалниот предизвик на климатските промени“, се вели во нацртот на заедничката изјава која би требало да биде прифатена на самитот на Г20 во Рим овој викенд.
Тоа се смета за клучен чекор во пресрет на конференцијата на Обединетите нации за климата следната седмица во Шкотска.
Лидерите, според нацртот, ќе изјават дека признаат дека влијанието на климатските промени е „многу пониско“, доколку загревањето може да се одржи на 1,5 степен над прединдустриските нивоа, отколку ако се искачи на 2 степена.
„Итните акции мора да се преземат за одржувањето на загревањето до 1,5 степени биде дофатливо“, се истакнува во документот.
Станува збор за обидот на државите, коишто заедно се одговорни за повеќе од 75 отсто од емисиите на гасовите кои според некои научници го предизвикуваат ефектот на стаклената градина, да претстават обединет фронт пред да им се приклучат на другите делегации на светската климатска конференција COP26 во шкотски Глазгов.
Иако нацртот на документот покажува дека постои согласност околу тоа дека растот на температурите треба да се одржи во рамките на зголемување на 1,5 степн во однос на прединдустрискиот период, што е цел генерално усогласена со Парискиот климатски договор од 2015 година, некои поединости се чини дека сѐ уште се отворени за дискусија, забележува агенцијата DPA.
Активисти за заштита на природната средина, коишто исто така имале увид во нацрт-документот, велат дека се разочарани бидејќи Г20 требнало да ја искористат можноста и посилно да ја алармираат јавноста за опасностите со коишто се соочува светот.