Земјите од групата седум индустриски најразвинеи земји во светот Г7 ја уверуваат Украина во нивната континуирана поддршка за одбранбената борба против Русија, изјави во понеделникот вечерта во Берлин германскиот канцелар Олаф Шолц по видео-конференцијата со другите челници од Г7 и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, известува агенцијата DPA.
„Украина ќе биде поддржана се додека е тоа неопходно“, рече Шолц додавајќи дека и економскиот притисок врз Русија ќе биде уште поголем.
Шолц, истовремено, направил преглед на германското претседателство со Г7 во годината што се ближи кон крајот.
„Рускиот напад врз својот сосед, на крајот на февруари, бараше решителен и силен одговор од сојузниците, пред сè од Г7. Успеавме да го обезбедиме овој цврст одговор. Економски најсилните демократии во светот сега се поблиски отколку што некогаш биле“, рекол Шолц