Г7 и сојузниците загрижени поради испраќањето севернокорејски трупи во Русија

Во заедничката изјава, министрите истакнаа дека „директната поддршка на Северна Кореја за руската војна против Украина, покрај тоа што ги покажува очајните напори на Русија да ги компензира своите загуби, претставува и опасно проширување на конфликтот“.

Покрај членките на Г7, кои ги сочинуваат Соединетите Американски Држави, Јапонија, Италија, Велика Британија, Германија, Франција и Канада, изјавата ја потпишаа и Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд.