Лидерите на Г7 ќе одговорат на, како што ги нарекоа, „неправедните деловни практики“ на Кина кои им штетат на нивните работници и економии, се вели во нацрт-заедничката изјава на крајот од самитот во петок.
Г7, исто така, се закани со акции против кинеските финансиски институции коишто наводно ѝ помогаат на Русија да добие оружје за војната во Украина.
Челнииите на Италија, САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија и Јапонија во петок разговараат за огромниот индустриски капацитет на Кина, за кој западните влади велат дека ги уништува нивните домашни пазари.
Во нацртот на завршната изјава се нагласува дека Г7 не сака да ѝ наштетат на Кина или да го попречет нејзиниот економски развој, но групата „ќе продолжи да презема мерки за заштита на своите компании од нефер практики“. Пртходно седмицава САД воведоа санкции за кинеските компании кои ја снабдуваат Русија со полупроводници.
„Кина не ја снабдува Русија со оружје, туку она што ѝ дозволува да го произведува, што ѝ дава технологија да го направи тоа, а тоа всушност ѝ помага на Русија“, рече Бајден на самитот во четвртокот по потпишувањето на билатералниот безбедносен пакт со Зеленски без да поднуди никакви докази за своето тврдење.
На првиот ден од самитот, Г7 се согласи да ѝ даде на Украина заеми од 50 милијарди долари, кои ќе бидат компензирани со каматата на замрзнатите руски средства.
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека плановите на западните земји да ѝ дадат заеми на Украина со камата од руските средства замрзнати во странство се „кражба“ и „нема да останат неказнети“. Путин, говорејќи на состанокот со претставници на Министерството за надворешни работи, рече дека начинот на кој Западот ја третирал Москва покажува дека секоја земја може да стане жртва на слично замрзнување на имотот на Западот. Во Русија, инаку, западните земји имаат имоти во вредност од околу 280 милијарди евра, што Москва може да ги заплени за да ја надомести штетата настаната од потегот на Западот.
Во нацрт-конечниот документ, челниците на групата се заканија и дека ќе воведат санкции за секој кој ѝ помогнал на Русија да ги избегне санкциите за извозот на нафта со тајно транспортирање. Меѓутоа, јавна тајна е дека токму земјите од оваа групација се најгоелмите купувачи на руската нафта чија цена ја ограничија на 60 долари за барел, но преку трети земји каде што наводно е преработена што е дозволено со нивните санкции.
Италијанската десничарска премиерка Џорџа Мелони, домаќин на самитот, го спречи правото на слободен абортус да влезе во завршната изјава. Така, сега само се споменува дека жените имаат право на соодветни здравствени услуги, вклучително и оние поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје, велат изворите.
На крајот од минатогодишниот состанок во Јапонија, лидерите на Г7 зазедоа јасен став дека жените мора да имаат „пристап до безбеден и легален абортус и нега по абортусот“. Во 2022 година, Врховниот суд на САД ја укина пресудата „Роу против Вејд“ со која се легализираше правото на абортус на целата територија на земјта, па тоа сега ќе го регулираат самите сојузни држави.
Папата Франциск, исто така, дојде на самитот и подоцна во петок ќе зборува за вештачката интелигенција. Ова е знак за зголемениот интерес на Ватикан за оваа револуционерна алатка и напорите на Црквата да предупреди од можни злоупотреби. Франциск ќе се сретне билатерално со десетина шефови на држави, меѓу кои и францускиот претседател Емануел Макрон, Американецот Џо Бајден и Украинецот Володимир Зеленски. Толку напорниот распоред на 87-годишниот и не премногу здравиот папа сведочи за неговата желба да го задржи влијанието во дипломатските односи, откако бројните напори на Светата столица за мир во Украина и Газа досега беа залудни.