![G7 Ukraina Vilnus](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/G7-Ukraina-Vilnus.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Земјите од Г7 во средата ја претставија својата меѓународна рамка којашто ќе треба да ја следат и нивните сојузници за долгорочна безбедност на Украина за да ја зајакнат нејзината одбрана од Русија и да ја одвратат Москва од идни агресии, соопштија функционери од земјите како што се претставуваат како најразвиените демократии во светот.
„Денеска почнуваме преговори со Украина за да ја формализираме, преку билатерални безбедносни обврски и договори усогласени со оваа мултилатерална рамка во согласност со нашите правни и уставни барања, нашата трајна поддршка за Украина додека го брани својот суверенитет и територијален интегритет“, се наведува во соопштението на групата Г7.
Самитот на НАТО во литванската престолнина Вилнус заклучи дека иднината на Украина е во Северноатлантскиот воен сојуз, но не утврди никаква временска рамка за членството. НАТО се откажа од барањето Украина да го исполни таканаречениот Акциски план за членство (MAP), што се толкува како ефикасно отстранување на пречките на патот на земјата во Алијансата. Сапак, во Киев тоа предизвика разочарување и критики, откако очекуваа ако не да добијат покана, тогаш барем да добијат јасна временска рамка.
НАТО како организација нагласено се воздржува од отворено воено учество во Украина, иако на украинскиот фронт потврдено е присуството на офицери и инструктори на земјите членки на Алијансата како и редовни војници кои излегуваат од западните национални војски и одат како доброволци или платеници на боиштето. Со таквото однесување НАТО сака да се избегне впечатокот дека е во директна воена конфронтација со Русија, па наводно го препушата на индивидуално одлучување на членките прашањето на обемот и видот на поддршката, иако беа формирани неколку заеднички акции како на пример ткн „тенковска коалиција“ или иницијативата за зголемено производство на муниција и ракети кои треба да се предадат на украинската војска. Но за Москва е многу јасно имајќи го обемот на воената, разузнавачка и финансиска поддршка што западниот воен блок му ја дава на Киев, дека руската војска е во директен воен судар со севкупните ресурси на Алијансата.
САД, Велика Британија, Германија и Франција со седмици наназад преговараат со Киев за мултилатералниот документ за создавање широка меѓународна рамка којашто би опфаќала повеќе елементи, вклучително и напредна западна воена опрема, како што се борбени авиони, како и обука за нејзино користење, како и продолжување на доставувањето на Киев разузнавачки податоци за руските единици и кибернетичко војување против Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифингот со новинарите во средата изјави дека потегот не преставува некоја новина и е очекуван, но повторно предупреди дека оваа иницијатива на Г7 е „потенцијално многу опасна за Западот“. Истакна дека давањето безбедносни гаранции и натамошното вооружување на Украина би ја загрозило безбедноста на самата Русија.
„Новиот документ би требало да важи сѐ додека Украина не е во НАТО. Денешната декларација ја отвора таа можност за силни билатерални договори“, изјави украинскиот претседател Володомир Зеленски на засебна конференција за новинарите истакнувајќи дека најдобрата гаранција е сепак да се биде во Алијансата.
Од друга страна, како што се наведува во заедничката изјава на Г7, на Украина ќе ѝ бидат ветени мерки за подобрува на демократското управување во земјата, вклучително преку правосудните и економски реформи и јакнење на транспаретноста.
Неименуван американски функционер изјавил за агенцијата Reuters дека Вашингтон наскоро ќе започне сопствени преговори со Киев. Потсетил дека претседателот Џо Бајден еднаш ги споменал специјалниот договор и поддршката на САД за Израел како можен применлив модел и за Украина.
Американската воена помош за Израел изнесува околу 3,5 милијарди долари годишно, но тој договор подразбира и голема политичка поддршка. Од друга страна, пак, САД само последната година и пол од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари 2022 година на Киев му испорачаа воена опрема и помош во износ од над 40 милијарди долари, без да се сметаат средствата вложувани во подготвоките и поддршката на прозападниот преврат од 2014 годија и последователните вложувања во украинската армија.
Германија соопшти дека за почеток ќе му пружи на Киев воена помош од 12 милијарди евра до 2032 година, вклучително и 3,2 милијарди евра до крајот на 2023 година.
Франција во вторникот вечерта објави дека на Киев првпат ќе му испрати крстосувачки ракети со долг дострел кои се идентични со веќе испорачаните британски „Storm Swadow“, што според воените стручњаци укажува на тоа дека Украина веќе ги потрошила залихите што ѝ ги достави Лондон или се уништени складиштата во кои биле чувани. Париз, исто така, преговара со Киев, но веројатно ќе има жестоки дискусии во францускиот парламент за воениот буџет на Франција за периодот од 2025 до 2030 година, имајќи предвид дека повеќе опозициски партии не се согласуваат со обемот на испорачаната помош или воопшти со давањето помошт и средства на Украина.
Во декларацијата се наведува дека земјите од Г7 ја повикуваат Русија на одговорност и дека воените и другите злосторства не смеат да останат неказнети.
„Во согласност со нашите правни системи, рускиот суверен имот под наша јурисдикција ќе остане недвижен додека Русија не ја плати штетата што и ја нанела на Украина, се вели во документот, додавајќи дека е неопходно да се воспостави меѓународен механизам за репарација на штети, загуби или повреди предизвикани од руската агресија.
За возврат, Украина ќе продолжи да спроведува судски, економски, безбедносни реформи, како и реформи во борбата против корупцијата, што ќе покаже дека Киев е посветен на демократијата, владеењето на правото, почитувањето на човековите права и слободата на медиумите“.
Покрај тоа, Киев ќе работи на одбранбената реформа и модернизација, која вклучува подобрување на ефикасноста и транспарентноста во украинскиот одбранбен сектор.
„Ние, лидерите на Групата седум, ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност на стратешката цел за слободна, независна, демократска и суверена Украина, во нејзините меѓународно признати граници, способна да се одбрани од руската агресија“, се вели во Декларацијата.
Се додава дека „безбедноста на Украина е составен дел од безбедноста на евроатлантскиот регион“.