Прашањето е едноставно – младите работат или приватно или државно и ако се појават таму, ќе ги избркаат од работа. Многу просто. Овие старите што беа таму кои се пензионери или бивши затвореници од комунистичкиот режим на Тодор Живков и многу нормално дека се тие хероите. Добро е што сите национални телевизии имаа специјални известувачи вчера од Благоевград. Народот овде го виде срамот на Бугарите, вели политичкиот коментарот Љубомир Гајдов за вчерашното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.
Според него, „имало зрелост кај младите, кои ако дојдат на отворањето и се декларираат како Македонци, утредента ќе ги избркаат од работа“.
-Во прашање е да преживеаат, имаат фамилии луѓето. Утрово на бугарската национална телевизија беше објавено дека Европа го призна македонскиот јазик. Знаете ли тоа кој е удар на нивната лага? Таму се загрижени, смета Гајдов во гостувањето на емисијата „Само вистина“.