Габриел се согласи да ја формира новата бугарска влада

Бугарската министерка за надворешни работи и вицепремемиерка Марија Габриел, од централно-десничарската партија Граѓани за европсски развој на Бугарија (ГЕРБ), во понеделникот се согласи да формира нова влада по повлекувањето од должноста на премиерот Николај Денков на 5-ти март.

Денков, од центристичката партија Продолжуваме со промените (ПП), според претходниот договор, сега треба да стане нејзин заменик. Неговата оставка ѝ овозможува на ГЕРБ да го преземе водењето на владата во следните девет месеци, како што беше договорено по минатогодишните палрментар ни избори кои не дадоа јасен победник, а беше формирана за да се избегне уште едно повторување на изборите, шести во последните речиси три години.

По парламентарните избори минатата година, двата политички табора кои излегоа на врвот направија договор за поделба на власта, според кој должноста на премиерот се ротира.

„Го прифаќам овој мандат со чувство на одговорност, бидејќи на Бугарија ѝ е потребна стабилност“, рече Габриел, кој е поранешен европски комесар за дигитална економија.

Габриел, исто така, им рече на новинарите дека партијата Продолжуваме со промените побарала 24 часа за да разговара за поединостите.

„Се надевам дека ќе го финализираме договорот во рок од 24 часа, немаме несогласувања за приоритетите на земјата“, посочи Габриел.

ГЕРБ на почетокот на март објави дека Габриел треба да ја задржи функцијата министер за надворешни работи и за време на нејзиниот премиерски мандат, а ротирачкото раководство на земјата да биде продолжено од девет на 15 месеци.

Во април минатата година ГЕРБ освои 69 од 240 места во парламентот, а блокот предводен од ПП освои 64 мандати.