Габриел: Шулц , повторно претседател на Европскиот парламент

Социјалдемократската парија (СПД) на Германија се откажува од барањето за место на комесар во Европската унија и наместо тоа сака Мартин Шулц повторно да биде претседател на Европскиот парламент изјави денеска шефот на оваа партија Зигмар Габриел, а политичкиот магазин „Шпиегел“ оценува дека промената во партијата во „бриселскиот покер“ околу водечките места дошла како изненадување.

СПД ќе прифати еден комесар од демохристијаните, во случај Шулц повторно да биде избран за претседател на ЕП, рекол Габриел за овој магазин.

„Нас со оглед на предизвиците во Европа, потребна ни е силна осовина Јункер-Шулц“, рекол Габриел кој, како што наведува магазинот сака утре во Париз на една неформална средба повеќе социјалдемократски шефови на владите да ја претстават својата заложба.

„Изборот на Жан Клод Јункер за шеф на Европската комисија и Шулц за претседател на ЕП, мора да биде побрз“, рекол Габриел и додал дека од Ангела Меркел сега треба да го убеди своето партиско семејство.

Се оценува дека изборот на Шулц за шеф на ЕП важи како возможен иако досега ниеден претседател на ЕП не бил избран по втор пат.