Гачевски херој на Вардар во Купот на Македонија, Воска, Брегалница и Шкупи распалија

Фудбалерите на Вардар се изборија за победа над Беса во најинтересниот меч од првата рунда во Купот на Македонија.

Беса е тим кој многу се засили и има јасни амбиции да влезе во ПМФЛ, додека пак Вардар се врати во елитното друштво во оваа сезона, но понатаму има проблеми и затоа овој дуел привлече најголемо внимание во денешните пресметки.

„Црвено-црните“ поведоа со погодокот на Милосавиќ од пенал, ама таа радост траеше кратко затоа што и домаќините добија најстрога казна при кога Алими не успеа да прва да го совлада Гачевски, меѓутоа топката одновот стигна кај него за 1-1. Со овој резултат се замина на пауза, резултат кој не се промени и во вториот дел што значаше дека пенал рулетот ќе го одлучи патникот во наредната фаза.

Вардарци имаа лошо отварање затоа што Педрињо го промаши целиот гол. Беса потоа некое време ја имаше таа психолошка предност, но потоа на сцена стапи популарниот Гача, одбрани два удари и му донесе конечна победа на својот тим.

Најубедливи денеска беа фудбалерите на Воска кои славеа со 10-0 над Карбинци, додека Шкупи и Брегалница беа поскромни и славеа со „само“ 8-0 во дуелите со Коњаре и Новаци.

Резултати:

Арсими – Тиквеш 1-2, Башкими – Скопје 2-1 (на пенали), Коњаре – Шкупи 0-8, Карбинци – Воска 0-10, Кожув – Брера 0-2, Новаци – Брегалница 0-7, Охрид – Детонит 2-0, Тетекс – Работнички 0-3, Велазерими – Пелистер 0-4, Беласица – Гостивар 0-1 (на пенали), Јанг Тим Струга – Победа 1-0 (на пенали), Беса – Вардар 1-2 (на пенали).

foto:www.facebook.com/FKVardarSkopje