Изјавата на претседателот на САД, Барак Обама, дека „Косово станало независна државана на основа на референдум“, е трагично извртување на историјата, пишува белградскиот весник „Блиц“, пренесува Нетпрес.
Во својот говор, кој пред два дена го одржа во Брисел, Обама рекол:
„НАТО интервенираше во Косово дури по четири години злоставување на тамошното население, а Косово стана независна држава на основа на референдум, кој беше одржан во фер и демократски услови“, рекол американскиот претседател.
Тед Гејлен Карпентер, аналитичар во Институтот „Кејто“ во Вашингтон, на изјавата на Барак Обама реагирал со следната оценка:
„Таа изјава претставува трагично извртување на историјата, особено кога се има во предвид дека првобитната територијална ампутација на Косово од Србија во 1999 година, ја спроведоа САД и нивните сојузници во НАТО, низ една климава фасада на меѓународно одобрување по самите случувања“.
Тим Џуд, новинар во британскиот „Економист“, смета дека во изјавата на Обама има „бизарна грешка“, и дека „нема потреба да се измислуваат било какви теории на заговор“.