
На новогодишната прослава во кривопаланечки локал, незадоволен гостин фрлал шишиња и чаши кон девојката која пуштала музика, извести во средата министерството за внатрешни работи.
Дваесет и четиригодишната Е.С. пријавила дека вечерта на дочекот на Нова година во угостителски објект во Крива Паланка, каде што пуштала музика, 24-годишниот А.Н. од селото Опила започнал да фрла со шишиња и чаши кон неа, затоа што не му се допаднала песната што ја пуштила.
Екипа на Полициската станица Крива Паланка излегла на местото на настанот, и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, се наведува во билтенот на МВР.