ГАК: Починатата трудница е примена со мртов плод – Постапено е според сите протоколи

По смртта на трудицата на Скопската гинекологија, вчера во 20.10 часот,  од Клиниката ја потврдија информацијата, посочувајќи пациентка на возраст од 38 години, била со со 6-та високо ризична бременост и на Гинекологија била примена со констатиран мртов плод во 24 гестациска недела (6-ти месец), како и со прснат воденик, при што истекувала гнојава содржина од утерус со непријатен мирис, како и сите тешки знаци на инфекција.

Со пациентката е постапено по сите протоколи во вакви тешки случаи, со максимелаен залог на дежурната екипа на гинеколози и анестезиолози од ГАК и од Kарил, како и на раководниот тим на ЈЗУ У ГАК које беше присутен на клиниката.

Семејството на пациентката беше во целост навремено информирано за состојбата на пациентката.

И покрај сите заложби на персоналот, за жал дојде до смртен исход.

Членовите на комисијата за следење и унапредување на квалитетот за здравствена заштита, итно се состана за овој случај со цел да се направи увид и констатирано е дека се испочитувани сите процедури, се вели во соопштението на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Оттаму, апелираат до медиумите, до добвањето на обдукцискиот наод како доказ за дефинитивната причина поради која настапила смртта, да не се објавуваат шпекулации во врска со случајот, кои дополнително би ја вознемириле јавноста и семејството.