Министерот за одбрана Јоав Галант вети дека Израел ќе ги продолжи борбите во Појасот Газа додека не се вратат заложниците и Хамас не биде поразен.
„Ако Хамас целосно не го уништиме, нема да можеме да живееме во државата Израел“, им рече Галант на војниците на единицата Шајет 13.
„Продолжуваме да се бориме до победа… додека не го победиме Хамас, не ги одземеме сите негови значајни воени капацитети и не го отстраниме од власт во Газа“, вели тој.
Галант посочи дека немаат право да ги прекинат борбите се додека има заложници во Газа.
„Единствениот начин и нешто што ги враќа заложниците е воениот притисок, бидејќи Хамас разбира само една работа“.