Галатасајар ќе се усреќи со Дејвид Мојес

Најголемиот виновник за можеби најлошата сезона во изминатите 10-15 години, поранешниот менаџер на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес, најверојатно во следната недела и официјално ќе биде именуван за нов тремер на турскиот гигант Галатасарај.

Дека е точна сензационалната информација, која беше пласирана и од англиските и од турските медиуми, потврди потпаролот на гигантот од Истанбул.

„Претседателот ми откри дека имал прелиминарни разговори со Дејвид Мојес и дека тој би можел да биде тренер на Галатасарај идната сезона. Но, мора да кажам дека тој не е нашата прва цел. Се обидуваме да стигнеме до Лев или до Клинсман“, изјави портпаролот на Галатасарај за турските медиуми.