Галатасарај за 100-тиот роденден на Турција (ВИДЕО)

Спектакл на годината направија приврзаниците на Галатасарај и тоа со посебна тема – 100 години од основањето на модерна Турција.

Кореографијата во чест на 100-от роденден на Турција го обиколи светот, на три трибини и нормално со посвета на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, кој пред еден век го укинал султанатот и го симнал од власт султанот Мехмед шести, а една година потоа Турција и официјално стана република.