Галеника: Одржлив деловен раст и регистирани 47 нови производи во регионот

Фармацевтската компанија Галеника во првата половина од 2023 година бележи постојан раст во сите деловни сегменти на регионалните и меѓународните пазари каде работи. Галеника од почетокот на годинава има регистрирано дури 47 нови производи во земјите од регионот (Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, ЦрнаГора и Албанија), додека во промет на овие пазари се пуштени 29 производи. Покрај регионалните, компанијата работи и на 16 меѓународни пазари на три континенти. На пазарот во државите од ЕУ го зголеми извозот за 40% и каде лансираше 22 производи. Во споредба со првата половина од минатата година, за 7% зголемено е производството на асортиманот производи на Галеника.

Со стратешкото партнерство со сестринска компанија од Бразил – ЕМС, Галеника од почетокот на годинава успешно ја пренесе технологијата за 6 производи од поновата генерација генерички лекови и започна со подготовки за уште 5.

„Во 2023 година славиме 78 години и силно сме фокусирани на иднината. Го интегрираме она што е највредно од минатото и сегашноста, со целосна посветеност на инвестиции, иновации и одржливраст. Квалитетот ни е на прво место – како во производите, така во сè што правиме. Ние сме носители на 15 домашни и меѓународни ГМП и ИСО сертификати за највисоко ниво на стандарди за работење и за производство. Ние сме стратешки посветени на постојано проширување на нашето портфолио производи во корист на потрошувачите. Препознатливоста на брендот, доверливоста и довербата во производите на Галеника ја пренесуваме на нови меѓународни пазари“, изјави Рикардо Виан Маркес, генерален директор на Галеника.

Имајќи ги предвид глобалните околности кои влијаат на фармацевтската и ндустрија, Галеника вложува значителни напори и успешно ја остварува мисијата за производство и дистрибуција на своите висококвалитетни производи во Србија и на извозните пазари.

Како резултат на претходни размислувања, внимателната анализа, планирање и ублажување на ризикот, компанијата обезбедува нејзините висококвалитетни фармацевтски производи редовно и во потребните количини да стигнат до аптеките и здравственитеустанови, за добробит на пациентите. Со оглед на тоа што Галеника е дел од бразилската НЦ Груп која работи на глобално ниво, преку соработка со колеги од Бразил, Индија и Кина, компанијата располага со напредни алатки, информации и можности кои овозможуваат подобар увид во глобалните настани и збиднувања, кои со експертизата на експертите на Галеника во Србија и регионот, придонесува за деловен раст.

Одржливиот бизнис и заштитата на животната средина се високо на агендата на Галеника, која во првата половина на 2023 година ја исполни својата интерна цел и ја намали количината на создавање отпад за 35%, како и потрошувачката на вода за 5% во однос на истиот период во 2022 година. Започнат е проект за целосно реновирање на постојниот внатрешен водоводен систем. Инвестицијата е вредна половина милион евра, со цел да се обезбеди максимална заштеда и минимална загуба на вода.

Поддршката на заедницата останува високо на приоритетната листа, додека компанијата ги проширува своите општествено одговорни проекти и иницијативи за подигање на свеста во земјите од регионот, каде годинава почна да работи.

***

Фармацевтската компанија „Галеника“ е основана во 1945 година. Кон крајот на 2017 година, стана дел од НЦ Групацијата (www.gruponc.net.br), која ја вклучува и ЕМС-најголемата фармацевтска компанија во Бразил и една од најголемите фармацевтски компании во цела Латинска Америка. Стратегијата на Групацијата е развој на Галеника како модерна и флексибилна компанија, насочена кон истражување и развој, која постојано работи на подобрување на своите производи за подобрување на здравјето и квалитетот на животот, на задоволство на корисниците.