ГАЛЕРИЈА| Бренсон го оствари животниот сон, очекува редовни летови од 2022-та

Британскиот милијардер сер Ричард Бренсон во неделата попладнето по македонско време без никакви проблеми се приземји во Њу Мексико по неколкуте минути минати на границата на Вселената во вселенското летало на неговата компанија „Virgin Galactic“ со што го оствари својот животен сон, но и го оствари клучниот прв чекор за развој на вселенскиот туризам.

Вселенскиот брод наречен „Unity-22“, леталото кое во Вселената понесе два пилота и тројца патници, се спушти на пистата во базата „Spaceport America“ во американската сојузна држава Њу Мексико во 9,40 часот по времето на источното крајбрежје на САД, или 17,40 часот по средноеврпско време.

Претприемачот Ричард Бренсон кој во вселенското летало додека се спушташе кон Земјата летот го опиша „единствено искуство во својот живот“, е првиот милијардер кој полета во Вселената во летало кое го разви неговата компанија, со што за девет дена го претрка еден од најбогатите луѓе на планетата, основачот на „Amazon“ Џеф Безос, кој својот пат го закажа за 20-ти јули.

Милијардерите веќе беа во вселената во 2000-те години, но не со сопствени туку со руски летала. Уште еден милијардер, основачот на „SpaceX“ и „Tesla“, Илон Маск, кој исто така се подготвува за лет во Вселената и развива амбициозна обемна програма, присуствуваше во неделата на овој настан.

Улогата на Ричард Бренсон во текот била да го тестира и да го процени искуството коешто во иднина планира да им го нуди на потенцијалните клиенти.

На околу 15 километри надморска височина, вселенскиот бродот се одвои од авиониот носач и со својот реактивен погон го започна суперсоничното искачување до 80 километри, височина којашто САД ја одредуваат како граница меѓу земјината атмосфера и космосот. Патниците тогаш можеле да ги откопчаат запштитните појаси и неколку минути да ја почувствуваат бестежнинската состојба, да ѝ се восхитуваат на погледот врз заобленоста на Земјата набљудујваќи ја ни 12 прозорци од кабината.

Откако според прецизираните податоци биле достигнати 90 километри височина, бродот започнал со планираното спуштање. Со тоа ексцентричниот 70-годишен милијардер, основач на групацијата „Virgin Galactic“, го оствари дамнешниот сон за лет во Вселената.

„Од рана возрат сакам во Вселената и да им овозможам на илјадници други луѓе тоа да го остварат во следните 100 години“, изјави сер Ричард Бренсон за BBC.ж

„Бидејќи тоа за мојата генерација не беше возожно, го заштитив името ‘Virgin Galactic’ со идејата да основам компанијата која тоа ќе го направам возможно“, напиша Бренсон неколку дена пред летот.

Но целта не беше лесно да се оствари особено откако во 2014 година се случи несреќата на летото на леталото на „Virgin Galactic’“ во којашто загина пилотот и во голема мера го одложи развојот на програмата. Од тогашт „VSS Unity“ тропати ја досегна Вселената, еднаш со патничка во 2019 година, а четвртиот беше денешниот лет на на кој покрај Бренсон беа и пилотите Дејв Меккеј и Мијкл Мазучи и тројцата вработени во „Virgin Galactic“,одговорната за истражувања Сириша Бандла, главниот инженер Колин Бенет и шефот на програмата за подготовка на астронаутите Бет Мозес.

Во моментов во „Virgin Galactic“ се предвидени уште два нови пробни лета, а потоа и комерцијални летови веќе на почетокот од 2022 година. Амбициите се со текот на времето да се изведуваат 400 летови годишно од базата „ Spaceport America“.

Околу 600 патнички билети за Вселената веќе се продадени на лица од 60 различни земји, меѓу кои има и холивудски ѕвезди. А како што денеска објави британскиот весник The Sunday Times, основачот на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“, американскиот претприемач Илон Маск, купил билет за патување во Вселената во леталото на својот британски ривал. Маск наводно уплатил 10.000 долари депозит за да обебзеди мести, но датумот на патувањето не е наведено.

Цените на продадените билети се меѓу 200.00 до 250.000 американски долари. Така, иако Ричард Бренсон редовно повторува дека „Вселената ни припаѓа на сите нас“, засега оваа авантура ќе биде достапна само за повластените.

Во моментов има трка за развој на повеќекратни вселенски летала со екипаж, поттикната од американските настојувања да се ослободат од зависноста од руските ракети. САД престанаа да испраќаат астронаути во Вселената во 2011 година, откако заврши програмата „Шатл“, и од тогаш на Меѓународната вселенска стануца (ISS) испраќаа свои астронаути со руските бродови „Сојуз“. Во 2014 година американската агенција за вселенски истражувања NASA потпиша договори со неколку приватни американски компании за развој на летала со човечки екипаж, меѓу кои се „SpaceX“ и „Boeing“, со што се сака да се заврши зависноста од Русија

Најбогатиот човек на планетата Џеф Безос треба да полета на 20-ти јули на годишнината од првото слетување на Месечината во 1969 година. , со сопствениот вселенски брод наречен „New Shepard“ (Нов пастир) а кој според објаснувањето го добил името по Ален Шепард, првиот Американец во Вселената. Бродот го разви неговата компанија „Blue Origin“, а компанијата деновиве објави дури кои се нејзините предности во однос на „Virgin Galatic“, но сепак Безос на Брансон му посала „успешен лет“.

Во капсулата на „ New Shepard“ може да се сместат до шест членови на екипажот. Во неа покрај основачот на „Amazon“ екипажот на овој лет ќе го сочинуваат и неговиот брат Марк Безос, засега неименувана личноста која на наддавање своето место го плати за 28 милиони долари и 82-годишната Американка Воли Фанк, која во 1960-те години била најмладиот дипломец во вселенсата праграма на САД за жени. Тоа ќе биде прво лансирање на „New Shepard“ со човечки екипаж, додека „Unity-22“ со денешниот оствари четири летови со екипаж.