ГАЛЕРИЈА и ВИДЕО| Бајден ги опиша торнадата како „незамислива трагедија“ по десетиците жртви во САД

Во разорните налети на торнада кои во поетокот зафатија дел од САД и кои претседателот Џо Бајден ги нарече „незамислива трагедија“, загинаа повеќе од 70 луѓе во сојузната држава Кентаки, каде што најмалку еден град е делумно срамнето со земјата, а жртви се пријавени и во државите од Тенеси до Илиноис.

Торнадата во петокот ноќта кон саботата ги погодија неколку американски сојузни држави и однеле најмалку 70 животи во Кентаки, соопшти тамошниот гувернер,

„Бевме доста сигурно дека ќе загубиме повеќе од 50 жители на Кентаки. Сега сум сигурен дека таа бројка е поголема од 70, а до крајот на денот би можела да надмине и стотина“, изјави на прес-конференција гувернерот Енди Бешер.

Американскиот претседател Џо Бајден објави на Twitter дека е во постојан контакт со службите коишто работат на теренот.

„Соработуваме со гувренерите (на сојузните држави) за да бидеме сигурни дека имаме сѐ што е неопходно за потрага по преживеаните“, додаде Бајден.

Кентаки, на американскиот исток, има најголем број жртви по минувањето на разорниот метеоролошки феномен кој особено ги погодува рамниците во Соединетите држави.

Мејфилд, град со 10.000 жители, се чини бил епицентарот на природната катастрофа. Уништени се цели блоквои со куќи, а глетките во медиумите се опишуваат како од воени. Во уривање на покривот на фабрика за чкорчиња за потпала на оган во градот „загинал голем број луѓе“, соопштија локалните власти.

На фотографиите објавени во медиумите и социјалните мрежи се гледаат урнатини, свиткани столбови, превртени возила, откорнати дрвја и цигли расфрални по улиците.

Торнадото во Кентаки дувало со брзина од 300 километри на час. Посеверно, во сојузната дражава Илиноис силниот ветер делумно го однел покривот од магацинот на „Amazon“. Во тој момент таму имало мноштво работници кои работеле преку ноќ подготвувајќи ги нарачките за предбожикниот и новогодишен период.

Полицијата потврдила загинување на повеќе работници во складиштето, а агенцијата за упревување со кризи во Колинсвил извести за „поголем број луѓе кои останале“ во зградата на скалдиштетот.

Во државата Арканзас засега е потврдено дека едно лице го загубило животот, а 20 луѓе не можеле да излезат од пензионерски дом, пренесуваат локалните медиуми. Но спасувачите успеале да ги евакуираат сите кои останале во зградата чијашто конструкција „практично е уништена“, изјавил шефот на округот Крејгхед, Марвин Деј за локалните информативни мрежи. Во оваа држава пријавена е смртта на уште едно лице во невремето.

Во сојузната држава Тенеси најмалку две лица загинале, според локалните власти. Торнадата ја погодија и државата Мисури.