Галерија Остен слави јубилеј од 75 години постоење. По тој повод, тие организираат изложби кои ќе траат до 10 октомври, a освен во Остен, може да се посетат и во Чифте амам.
„Состојбата со пандемијата оваа година не ни дозволува да го одбележиме јубилејот како што доликува – со големо отворање на изложбите и доделување на награди на главните манифестации на Остен заедно со многубројните пријатели од Македонија и ширум светот, но вирусот сепак не можеше да не спречи карикатуристите и уметниците да ги донесовме тука – преку нивните дела“, велат од галеријата.
Во Чифте амам има изложба на слики, цртежи и графики на повеќе од 200 уметници од целиот свет, додека во галеријата Остен селектирани автори и дела наИлја и Емилија Кабаков, Оскар Кокошка, Мати Грунбер, Михаил Златковски и Владимир Казаневски.
Посетителите изложбите ќе можат да ги посетат во Чифте амам секој ден (освен понеделник) од 10 – 18 ч., а во галерија Остен секој ден (освен недела) од 10 – 17 ч.